еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се присоедини ли Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка?

Продолжува процесот на длабинска анализа на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје за нивно можно присоединување, за кое двете банки информираа лани во септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се спојат ли Комерцијална банка и Стопанска банка Битола?

За нови чекори во овој процес денеска преку Македонската берза информираа од Комерцијална банка од каде велат дека Надзорниот одбор на Банката на 25.04.2024 година донел Одлука за спроведување постапка на длабинска анализа на целокупното работење на Стопанска банка Битола со цел да се дефинира намера за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка.

-По завршување на постапката на длабинска анализа, Комерцијална банка ќе донесе одлука дали да продолжи постапката со изразување на намера за склучување на трансакцијата на присоединување, за што јавноста ќе биде известена, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола потврди дека се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој сѐ е во „трка“ за нов претседател на СДСМ

Редакција

Mетодија Мирчев нов извршен директор на А1 Македонија

Редакција

МВР предупредува: Измамници ветуваат лесна заработувачка со нова крипто валута

Редакција