Во првите три месеци од годинава, ЗК Пелагонија АД Битола остварила оперативни приходи од 135.861 илјади денари, соопшти Комбинатот преку Македонската берза..
-Истите бележат намалување од 35% во однос на истиот пресметковен период од претходната деловна година.
Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба изнесуваат 114.373 илјади денари, кои опфаќаат 84,18% од вкупните оперативни приходи.Приходите од продажба бележат тренд на намалување во однос на претходната година и истите се намалени за 28% или во апсолутен износ за 43.554 илјади денари.
Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 20.066 илјади денари учествуваат со 14,77% во вкупните оперативни приходи и истите бележат намалување за 54% во однос на првиот квартал од претходната деловна година, велат од таму.
Остварените оперативни расходи се во износ од 179.003 илјади денари и истите се намалени за 9% во однос на истиот период претходната година, а се помали во однос на оперативните приходи во апсолутен износ од 17.633 илјади денари, велат од таму.
-Промената на вредноста на залихите во анализираниот период за тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на годината генирира приходна ставка во износ од 48.533 илјади денари и Друштвото оствари оперативна добивка во износ од 5.411 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ