Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 86 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 88, дизелот за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар.
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.