еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија ја бојкотираше инауграцијата на Путин

Македонија ја бојкотираше денешната инаугурација на рускиот претседател Владимир Путин, кој го започна својот петти мандат на оваа функција на која треба да остане шест години.

На церемонијата во Москва не присуствуваше македонскиот амбасадор Ненад Колев.

Како што објави порталот 360 степени, тој по инструкции на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не присуствувал на церемонијата.

Истата ја бојкотираа и САД, Канада и мнозинството земји членки на Европската Унија, чии амбасадори и дипломатски претставници не присуствуваа на инаугурацијата.

Франција, Словачка и Унгарија пак имаа свои преставници.

Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го продолжи периодот на престој на странци до 31 август

Редакција

(Фото) На пописот има графа „Бугари“: На последниот како Бугари во Македонија се изјасниле 1.417 граѓани

Редакција

Тимотеј: Очекуваме СПЦ до крајот на месецот да испрати барање до Цариград за автокефален статус на МПЦ-ОА

Редакција