Во однос на укинување на возот Белград – Солун, со став излезе и Министерството за транспорт и врски.
„Во изминатиот период, Владата преку Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт -АД Скопје, во неколку наврати иницираа средби со релевантните владини институции и железнички компании од Република Србија и Грција, на кои средби се бараа алтернативни решенија за да не дојде до укинување на железничката линија Белград-Солун.
На сите тие средби, од страна на српските и грчките железници беше потенцирано дека единствена причина за укинување на оваа линија е непостоење на економска исплатливост за нејзино оддржување.
Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт -АД Скопје ниту имаат можност, ниту надлежност да влијаат врз деловната политика на националните железнички компании во Република Србија и Грција..
Од тие причини, Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт -АД Скопје остануваат посветени и во наредниот период на изнаоѓање на решение се со цел да се овозможи меѓународен железнички сообраќај.“, се вели во соопштението на Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе нема воз од Скопје до Солун