Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ испиша историја станувајќи првата македонска претседателка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таа во вториот круг од претседателските избори убедливо го победи актуелниот претседател Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ, од кого изгуби на изборите во 2019 година.
Давкова официјално ќе стане претседателка со инаугурација во недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инаугурација на Силјановска викендов
Гордана Силјановска приватно
Родена е на 11. мај 1953 година во Охрид, а пораснала во Скопје.
Родителите и се по потекло од Кичево, а нејзиниот дедо бил партизан.
Како дете нејзина страст биле ролшуите, па била и првенка во нивно возење во Скопје.
Денеска практикува и јога, а сака и да пешачи.
Со години е вегетерјанка.
Не крие и дека е голем љубител на музика, посебно на рокенрол.
Со сопругот Благоја е во брак над 35 години.
И тој како нејзе е правник, кој е во пензија.
Имаат две деца, ќерката Марија и синот Павле, кои се исто така правници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој донирал за претседателската кампања на Гордана Силјановска Давкова
Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија
Фото: Фејсбук/Силјановска