еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не е забрането јавно да се користи Македонија и јас често велам само Македонија, вели Таравари

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој беше кандидат за претседател на Македонија од коалицијата „Вреди“, која почна преговори за состав на нова влада со ВМРО-ДПМНЕ за дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека не е забрането кога се зборува јавно да се користи само Македонија, без „Република“ и без „Северна„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ги договориле општите начела на соработка за идната влада

– Често велам Македонија, ниту „Република“, ниту „Северна“, рече тој за постапката на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова, која даде заклетва без користење на уставното име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, велат од Кабинетот на Давкова

Тој смета дека тоа го направила во еуфоријата на изборната кампања.

– Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно. Тоа го направи подекларативно за да покаже дека има некаква доследност со изборната кампања.

Изјавата како претседател е со „Северна Македонија“, рече тој и додаде дека претседателот треба да биде пример за почитување на Уставот и изрази уверување дека Давковка отсега ќе користи „Северна Македонија“ и дека нема да ја повтори претходната ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе користат „Северна“ само кога тоа го налага законот

Која е Гордана Силјановска Давкова, првата македонска претседателка

Видео од заклетвата на Силјановска Давкова на која регираа Грција и ЕУ

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шилегов трета година ги „отстранува“ галиите и спомениците: Сега предлага парк на оставштината на малиот диктатор во Ѓорче Петров

Редакција

Нови тужби против Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур од ОМО „Илинден“

Редакција

Убава вест: Оздравени 12 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.694

Редакција