еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид регистрираше ново друштво во Велика Британија

Алкалоид АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, со назив Alkaloid UK Limited, информира компанијата преку Македонската берза.

„Друштвото е во 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје. Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на Алкалоид донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот.

Алкалоид АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година.

Со ова Алкалоид АД Скопје продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, односно развивање како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто се слави Богојавление-Водици

Редакција

Владата не даде дозвола за рудникот „Иловица“

Редакција

Од среда драстичен пад на температурата, ветер, дожд и грмежи

Редакција