еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Мапа) Куманово „печен“ за карантин, кумулативната инциденца над 140

Анализата на податоците за заболените од корона вирусот која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 11. април, покажува нов раст на кумулативната инциденца во Куманово.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители и е една од причините зошто централната власт досега не дозволи затворање на Куманово, по примерот на Дебар, иако локалната власт постојано го бара истото.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители е регистрирана во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 140,2, додека инциденца над 40 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Прилеп, Кочани, Велес и Струга“, стои во анализата на ИЈЗ.

До 10. април таа во Куманово беше 127,6, до 9. април, 117,7, до 8. април,100,2, до 7. април, 91,1, до 4 и 3. април, според податоците на ИЈЗ, беше 65,2.

Како изгледа состојбата по другите градови погледнете на мапата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Убава вест: Излечени 41 лице од Ковид-19 во Македонија

(Табела) Најмногу заразени со Ковид-19 во Скопје, Куманово, Дебар, Штип и Прилеп

Повеќе жени, најмногу на возраст од 30-39 години: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Фото: Општина Куманово/мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пентагон: За 24 часа преку аеродромот во Кабул евакуирани 16.000 лица

Редакција

(ВИДЕО) Езерото Калиманци пред еколошка катастрофа

Редакција

Пристигна првата пратка од 3.000 дози од руската вакцина „Спутник V“

Редакција