еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најмногу дожд во Лазарополе, на Шапка 38 сантиметри снег

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Лазарополе – 11 литри на метар квадратен, додека најмногу снег има на Попова Шапка, каде што снежната покривка е 38 сантиметри, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најмалку дожд наврнал во Штип – помалку од еден литар, додека во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Струмица наврнале по еден литар на метар квадратен.

Најстудено утрово во 7 часот било во Скопје – Петровец – 0 степени, а најтопло е во Охрид, Прилеп и Демир Капија каде се измерени по 6 степени целзиусови. Во Скопје – Зајчев Рид се измерени 2 степени.

Во текот на ноќта преовладуваше умерено до значително облачно време, во западните делови со локален дожд. Изутринава е умерено до значително облачно, а на југоистокот сончево. Дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кардиоваскуларните заболувања во време на пандемија со корона вирусот

Редакција

Сезонава само 379 регистрирани случаи на грип, најмногу заболени кај децата до 4 години

Редакција

(Видео) Од денеска ќе се казнува за не носење на маски: Каде треба да се носи и како правилно се употребува

Редакција