еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Државата ќе ги плати режиските трошоци за 19 студентски и ученички домови

Владата на седница донесе 19 одделни одлуки за доделување финансиски средства на 19 студентски и ученички домови во државата со подмирување на режиски трошоци (за вода, електрична енергија, греење), набавки за храна за ученичките и студентските домови заради настанати непредвидливи ситуации од последиците од пандемијата со Ковид-19, соопшти владината прес-служба.

На владината седница е разгледана и усвоена Информацијата за вкупните неисплатени обврски на Министерството за култура за проектите избрани на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2020 година. Министерствотио за  култура е задолжено да не ги исплаќа финансиските средства на корисниците без да ја утврди законската основаност за тие средства.

-Во врска со ова Владата го задолжи Министерството за финансии преку Секторот за финансиска инспекција да изврши контрола во Министерството за култура кое доби обврска по извршените финансиски контроли да ја информира Владата на Република Северна Македонија за констатираните состојби и за мерките преземени по наодите од тие контроли, информираат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикалната минимална кошница за јануари, речиси 1.000 евра

Редакција

Лани 13.000 нови сиромашни во Македонија, 5.000 се деца

Редакција

Можно намалување на сегашните, поскапени цени на струјата во април следната година, вели Бислимоски

Редакција