еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нема доволно имунитет со прележан Ковид-19 или со една доза вакцина, порачува Филипче

На денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека со прележување на Ковид-19 или со една доза на вакцина не се создава доволна количина на антитела во организмот, па затоа е неопходно граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека има сосема доволно количини на вакцини во земјава.

-Граѓаните да се вакцинираат, да живееме нормално, а тоа може доколку сме максимално имунизирани, и тоа е единствениот начин да се стекне колективен имунитет.

Не може имунитет да се стекне со прележан Ковид-19, и не е доволно да сте вакцинирани после прележување само со една доза. Нема доказ дека создава голема количина на имунитет.

Единствен начин да се стекне колективен имунитет, е во уште поголем процент да се вакцинираме, и тоа со две дози, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Под 10% од хоспитализираните со Ковид-19 се целосно вакцинирани

Министерот рече и дека делта сојот е сој кој што е очигледно доминантен и пообрзо се шири, меѓутоа сè уште не е истражено дали истиот дава потешка слика на Ковид-19.

– Вакцината е ефикасна за сите соеви на вирусите. Нешто помалку за делта сојот, бидејќи е развивана за алфа сојот, меѓутоа, сосем доволно, 70-80 проценти да заштити од болест и тоа што е најважно, без разлика која вакцина, за 20 пати го намалува ризикот од смрт од Ковид-19, предизвикан од делта сојот на коронавирусот, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Прележаните од Ковид-19 не треба да се вакцинираат, ако веќе го прават тоа, да се вакцинираат со една доза

Доктор Даниловски: Прележаниот само со една доза развива посилен имунитет од непрележаниот вакциниран со две дози

Проф.Трајковски: „Непрележаните и невакцинираните многу тешко ќе куртулат пред делта сојот, кој на есен ќе го видиме во „полн сјај““

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 309 заболени од Ковид-19, во Скопје 114

Редакција

Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција, покажува анкета на Центарот за граѓански комуникации

Редакција

Во Собранието почна лидерската средба

Редакција