еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Под насловот „Премостување на јазот – влез во новата дигитална ера“, присутните на Конференцијата добија можност да дознаат повеќе за современите предизвици во телекомуникацискиот свет и безбедното навигирање низ него.

Според однапред предвидената агенда, на конференцијата се одржаа три панели посветени на управување со спектарот и мониторинг, сајбер безбедноста, регулаторните прашања и пристап до широкопојасен интернет, кои се во контекст на најновите инспиративни области во електронските комуникации. Дополнително, беа истакнати и нови анализи и заклучоци за состојбата во полето на телекомуникациите во земјата кои покажуваат интересни трендови.

Постојаните инвестиции на домашните оператори кон подобрување на инфраструктурата и на целосната услуга придонесоа за зацврстување на мрежата и приклучок кон глобалните стандарди и мрежни брзини.

Директорот на АЕК, Јетон Акику, напомена дека Македонија поставува пример за прифаќање и успешна имплементација на новите технологии, што го потврдува и фактот дека нашата 5G мрежа е најдобра во регионот и една од најдобрите на континентот.

Мерењата покажаа дека двата најголеми оператори во земјата достигнуваат максимални 5G брзини од 1 гигабит во секунда и просек од 240 мегабити во секунда во градовите и 100 мегабити во секунда на патиштата во нашата земја, што ја рангира нашата национална 5G мрежа пред оние во Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Косово…

Што се однесува до општиот перформанс на мобилната мрежа, мерењата покажаа дека домашните оператори стабилно напредуваат и на ова поле.

Анализата на АЕК ја оцени мрежата на Македонски Телеком со вкупно 637,7 индексни поени, што е највисокиот резултат помеѓу операторите во земјата, следен од А1 Македонија со 618,8 индекс поени.

Оценувањето се врши според глобално прифатениот стандард Network Performance Score (NPS), која претставува метрика што го мери целокупниот перформанс на мрежата.

Слична ситуација покажуваат и мерењата на перформансот на мобилниот интернет.

На патиштата, Македонски Телеком има оцена од 40 наспроти 36 на А1 Македонија, потоа кај малите општини е 100,9 за Македонски Телеком наспроти 92 на А1 Македонија, а кај големите општини мобилниот интернет на Телеком е оценет со 158,7, додека А1 Македонија забележа 142,9 индекс поени.

Минатата година сме имале 1.920.403 активни корисници во мобилна телефонија.

Кај интернет услугите има раст, и тоа како на мобилните, така и на вкупните.

Вкупниот број на корисници со пристап до интернет (без да се вклучат тие со пристап преку мобилен телефон) е 521.918, или околу 20.000 повеќе отколку во 2022 година. Заедно со пристапот до интернет и преку мобилни телефони, бројката достигнува до 1.489.288. Како и да е, оваа бројка е за седумдесетина илјади поголема отколку во 2022 година. Во пракса, имаме сѐ помасовно користење паметни телефони и телекомуникациски пакети коишто по автоматизам вклучуваат интернет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Недела на дизајн Скопје“ отвора повик за дизајн решенија, за сѐ поврзано со велосипед

Редакција

15-годишно момче почина откако му се слошило на базен во скопски Карпош

Редакција

Евроамбасадорот Гир: Високи надежи за почеток на преговорите со Македонија и Албанија за време на француското претседателство

Редакција