еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ консолидира 61 пратеник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, идниот мандатор за состав на нова влада, денеска изјави дека партијата и коалицијата „Твоја Македонија“, кои освоија 58 пратеници на парламентарните избори, има консолидирано 61 пратеник, колку што се потребни за составување на влада.

Тој не откри од каде доаѓаат тројцата плус пратеници, но рече дека завршуваат разговорите со нив и тие не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“.

„Имајќи во предвид дека состојбата е чувствителна, не можам да ги кажам деталите. Ќе ги дознаете денеска. Покрај 58 пратеници кои ги има самата коалиција, а ја чекаме и одлуката на Управниот суд за изборните едници 5 и 6, можам да кажам дека имаме консолидирано 61 пратеник.

Тоа нема да не повлече од идните потенцијални коалициони партнери“, рече Мицкоски, кој сака да направи коалиција која ќе има двотретинско мнозинство во македонското Собрание или најмалку 80 пратеници.

Денеска прва средба за состав на влада имаа работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коаицијата „Вреди“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Челопек уби двајца и повреди еден роднина

Редакција

Кои се можните датуми: Во Собрание подготвени и за избори и за уставни измени

Редакција

МНР прави напори да им се помогне на нашите граѓани кои „заглавија“ надвор поради коронавирусот

Редакција