На 22 мај ќе се прегласува на седум избирачки места, информираа денеска од Државната изборна комисија (ДИК).
Прегласување ќе има на шест избирачки места во Петтата изборна единица и на едно избирачко место во Шестта изборна единица.
Во петка ќе се прегласува на избирачки места 1470/1, 1470 во Општина Долнени, избирачко место 1184, избирачко место 1202 во Општина Крушево, избирачкото место 1844 во Општина Струга и избирачко место 1272 во Општина Охрид, а во шестка на избирачкото место 2101 во Општина Желино.
Фото: Игор Бансколиев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.