еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силјановска Давкова ќе оди во Ватикан и Рим, ќе се сретне ли и со Радев?

Првата официјална посета во странство на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова ќе биде на Ватикан и Рим, предводејќи ја македонската делегација за чествувањето на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во исто време според најавите на бугарските медиуми за истиот повод во Ватикан ќе биде и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега е неизвесно дали тие двајцата ќе имаат некаква средба.

Претседателката на 23. мај ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.

Чествувањето ќе се одржи на 24. мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре, каде ќе постави венец на плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, Силјановска ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Дел од македонската делегација ќе бидат и четворица претставници од Министерството за култура, предводени од заменик министерот Онур Али, членови на Кабинетот на претседателката, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, а делегацијата на МПЦ-ОА ќе ја предводи митрополит Тимотеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на Силјановска

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов претседател на Општинската изборна комисија за Дебар е Рилинд Хаса

Редакција

Антикорупциска: Судиите на Врховниот суд не може да учествуваат во постапка за нивно разрешување

Редакција

Регистрирани 218 прекршоци за неносење маски

Редакција