еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Мемети, второосомничениот во случајот со поткуп, Обвинителството бара мерки на претпазливост

За членот на Советот на јавни обвинители, обвинителот Иџет Мемети, второосомничениот во случајот со поткуп во кој првоосомничен е врховниот судија Наке Георгиев, од Основниот кривичен суд Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бара определување мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Георгиев го пријавил синот на Стојчев и е фатен на дело, за Мемети нема доволно докази: Детали од Обвинителството

Претрес и кај Иџет Мемети за случајот со Наке Георгиев

„Со предлогот, Обвинителството бара Судот на осомничениот да му определи мерки на претпазливост согласно чл.146 ст.1 т.2 и 3 од Законот за кривична постапка (ЗКП), односно обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи Судијата на претходна постапка и привремено да му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница“, велат од Обвинителството.

Во барањето се наведува мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на пресудата согласно чл. 146 ст.5 од ЗКП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Наке Георгиев остана без имунитет, може да оди во притвор и е одалечен од работното место

Претресена канцеларијата на судијата Наке Георгиев во Врховниот суд

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ги отвара копнените граници за соседите на 15 јуни

Редакција

БЕГ склучи рамковна спогодба со ТЕ-ТО во вредност од 59,6 милиони евра

Редакција

Минусни температури на Попова Шапка и Лазарополе

Редакција