еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Гаши е техничка грешка што заклетвата ја кажа прво на албански јазик

За новиот претседател на македонското Собрание, Африм Гаши, тоа што заклетвата прво ја кажа на албански, а потоа на македонски јазик, е техничка грешка.

„Јас ја прочитав свечената изјава на двата јазици, а ги прочитав како што беше читано од пратеничката (од коалицијата „Вреди“, н.з.) што претседаваше, сигурно по некои технички причини.

Не верувам дека било намерно, а и да било, тоа е работа на Собранието.

Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви делови. Но, и демократско право е на секој пратеник и на секој граѓанин, ако мисли некој дека некое право е прекршено, да реагира, да бара право, и тие што го прекршиле законот да одговарат, нема никаков проблем“, рече Гаши во интервју за Радио слободна Европа, потенцирајќи дека албанскиот јазик е еден од официјалните јазици во државата, кој го зборуваат над 20 отсто од граѓаните.

“Ако некој бара правдина, супер, јас сум за тоа“, рече тој за преставката за прекршување на Законот за употреба на македонски јазик, која му ја поднесе пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го прекрши ли Гаши Уставот и Законот за македонски јазик?

(Видео) “Снимавме во студио на заем“: Претседателот на Собранието, Гаши за раперските денови

Каков имот пријавил Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието

Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веста за апсењето на актерката Силвија Стојановска одекна на Балканот

Редакција

Каков имот пријавил Беким Сали, кој е разрешен од министерското место во здравство

Редакција

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје

Редакција