Меѓународниот универзитет во Струга зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, кој е на т.н. црна листа на САД, добил дозвола од министерот за образование и наука во заминување, Јетон Шаќири, негов соопартиец од ДУИ, да се студира и медицина, објави Сакам да кажам.
Министерството за образование и наука утврдило дека се исполнети условите за почеток со работа на Факултетот за здравствени науки при Универзитет, а позитивно мислење дале и од Агенцијата за квалитет на високо образовани и Одборот за акредитација, пишува СДК.
Во Македонија медицински факултети има во Скопје, Штип и Тетово, а минатата година дозвола за основање на Факултет за здравствени науки доби и Приватната високообразовна установа Меѓународен универзитет „Визион“ во Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Рамиз Мерко има уште 14 активни предмети
Уште едно обвинение за Рамиз Мерко
Фото: Мерко/Фејсбук