Од вечерва на полноќ поскапува цената на мазутот, а на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, цените остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,164 ден/кг и ќе изнесува 43,639 ден/кг.
Бензинот Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 80 денари за литар, бензиниот Еуросупер БС – 98 за 82 денари за литар, дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) за 71,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 70,50 денари за литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.