Пратеникот Јован Митрески, од СДСМ, кој беше претседател на македонското Собранието од јануари годинава до изборот на Африм Гаши за нов претседател, е еден од тројцата нови потпретседатели на Собранието.
Другите двајца се Весна Бендевска од ЗНАМ и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бендевска се заколна во “РС Македонија“, Милошоски не, бил болен
Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието
Кој е Митрески
Роден е во ноември 1980 година во Струга.
Тој е дипломиран економист, а дипломирал на Економскиот факултет при Универзитет Св. Климент Охридски во Прилеп.
Политичка кариера и работно искуство
Тој е поранешен коридинатор на пратеничката група на СДСМ, и добил три мандати за пратеник. Бил пратеник во периодот од 2014 до 2016 година, од 2016 до 2020 година и од 2020 до 2024 година.
Како пратеник бил заменик-претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, заменик-член во Комисијата за економски прашања, член на Буџетски совет на Собранието, заменик-член во Комисијата за финансирање и буџет и заменик-член во Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање…
Во периодот од 2007 до 2014 година бил професор по стручни предмети во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга.
Од 2006 до 2007 година бил основач и управител на трговско друштво за сметководство, книговодствени и ревизорски работи, даночно советување.
Од 2004 до 2006 година бил сметководител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Јован Митрески, кој е избран за потпретседател на Собранието
Каков имот пријавила Весна Бендевска, која е избрана на потпретседател на Собранието
Фото: Собрание