еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Започна Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, го отворија Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, кој денеска се одржува во просториите на Стејт департментот во Вашингтон, информираат од Министерството за надворешни работи.

– Стратешки дијалог со САД претставува ново поглавје во нашите меѓусебни односи, кое ќе го надгради нашето Стратешко партнерство и ќе постави рамка за понатамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

Особено нѐ прави горди што С.Македонија е прва земја од Западниот Балкан која го одржува овој значаен процес, што претставува признание и за нашата регионална улога и јасен сигнал за пријателството и силното сојузништво меѓу двете земји, подвлекол Османи.

По официјалното отворање, следела сесијата посветена на регионалните иницијативи, што била предводена од страна на министерот Османи и помошникот државен секретар, Донфрид. Во фокусот на дискусиите била важноста на регионалните иницијативи за реформските процеси како особено значајни за евроинтегративните перспективи, помирувањето и целокупната стабилност на Западниот Балкан, велат од МНР.

Османи го нагласил активното учество на Македонија во голем број регионални иницијативи, притоа истакнувајќи ги Берлинскиот процес, Отворен Балкан, Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Регионалниот совет за соработка и др. Воедно, ја поздравил нивната улога во делот на економската интеграција и регионалниот просперитет, нагласувајќи дека истите не претставуваат замена за членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија, туку ги потпомагаат и забрзуваат нивните евроинтегративните процеси.

– С.Македонија како иницијатор на И8 и Б6 е земја предводник на регионалните иницијативи со визија за забрзување на реформските процеси, зајакнување на економската интеграција и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан.

Ваквиот пристап е особено значаен за надминување на разликите меѓу земјите од регионот и нивно што поскоро интегрирање во ЕУ. Особено сме благодарни на САД за нивната континуирана и недвосмислена поддршка на нашите заложби во оваа насока, истакнал Османи.

Иницијативата осум (И8) претставува регионална платформа, иницирана од Македонија, за трилатерална соработка меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. Целта на иницијативата е зајакнување на политичката соработка меѓу земјите долж паневропскиот Коридор 8, или таканаречената балканска оска исток – запад која ги спојува Јадранското со Црното море, преку поттикнување на соработката во областите на безбедноста, енергетиката, туризмот, културата и сл.

Од друга страна, иницијативата Б6 претставува неформална платформа за политичка соработка на министрите за надворешни работи од Западен Балкан, иницирана минатата година од Османи, а чија цел е поттикнување на меѓусебната комуникација меѓу предводниците на дипломатиите во земјите од регионот, слично на веќе етаблираните регионални соработки во Европа, како што е В4 (Вишеград) или иницијативата на земјите од централна Европа Ц5.

На сесијата станало збор и за актуелните безбедносни состојби, при што била упатена заедничка осуда за руската воена инвазија, како и поддршка на Украина и украинскиот народ.

Дополнително, биле поздравени постигнувањата на Македонија во рамки на евроинтегративните процеси и била упатена порака за што поскоро започнување на пристапните преговори со ЕУ.

На агендата на стратешкиот сијалог било и претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 одина, што било поздравено и поддржано од САД.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Национален рекорд: На 100 илјади жители 247,4 заболени од коронавирусот во Куманово

Редакција

Европската Народна Партија не разговарала за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Стопанска Банка Битола ја зголеми добивката за 80,82% во првите девет месеци

Редакција