еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Национален рекорд: На 100 илјади жители 247,4 заболени од коронавирусот во Куманово

Анализата на податоците за заболените од корона вирусот во Македонија која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а еМагазин секојдневно ја пренесува, покажува константен раст на кумулативната инциденца во Куманово.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 247,4 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000) и Прилеп (137,4/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Струга, Скопје, Штип и Кочани“, стои во анализата на ИЈЗ, заклучно до 22. април.

Заклучно податоците до 21. април, кумулативна инциденца во Куманово беше 239,7, а во Прилеп 132,2. Во Дебар останува непроменета.

Еве како изгледа ситуацијата по градови:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов раст: 218 здравствени работници заболени со коронавирусот во Македонија

Со хронична и здравствена состојба, 27,5% од заболените со коронавирусот во Македонија

Убава вест: Излекувани 301 лица заболени од коронавирусот во Македонија, 29 се здравствени работници

Најмногу на возраст од 30 до 59 години, повеќе жени, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Фото: Општина Куманово/Мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прво научи ги луѓето да фрлаат ѓубре во контејнер, потоа дај им по една електронска картичка

Редакција

Народна банка ја намали основната каматна стапка на 1,75 отсто, поради ризикот од корона вирусот врз економијата

Редакција

Снимка од дрон: Во Белград одржан еден од најголемите протести во историјата на Србија

Редакција