еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Снимка од дрон: Во Белград одржан еден од најголемите протести во историјата на Србија

Повеќе илјадници граѓани вчера беа дел од новиот масовен протест против насилството во Белград, Србија, еден од најголемите во нејзината историја.

Протестот беше во организација на опозицијата, а на истиот меѓудругото беше побарана и оставка од претседателот Александар Вучиќ.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на бебзбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Фото/видео: Al Jazeera Balkans/Euronews Serbia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да има заедничка седница на македонската и бугарската Влада до крајот на мај

Редакција

Убава вест: Оздравени 156 болни од Ковид-19

Редакција

Инфлацијата во септември падна на 6,6%

Редакција