еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Кејт Миделтон за првпат во јавноста по објавата дека се лекува од рак

Принцезата од Велс, Кејт Миделтон за прв пат се појави во јавноста по објавата дека е болна од рак.

Миделтон и нејзините три деца, беа дел од парадата во чест на роденденот на кралот Чарлс.

Принцезата од Велс, вчера на социјалните мрежи најави дека ќе се појави на парадата, осврнувајќи се и на борбата со ракот. Информираше дека лекувањето оди добро, но и дека како и секој што прима хемотерапии, има лоши и добри денови.

Кога се чувствува добро, ангажирана е околу училишните обврски на децата, прави работи кои ја полнат со позитивна енергија и оптимизам.

Вели дека го слуша своето тело, и постапува како и што се чувствува. Во лошите денови кога се чувствува слабо и изморено, му дава на телото одмор.

Фото/видео: Инстаграм/Принц и Принцеза од Велс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана склучи два договори со МГИ Инвест ЛТД вредни над 1,3 милион евра

Редакција

(Видео) Како се случила несреќата во Италија во која загина возач на автобус од Македонија

Редакција

Стоп за фашизмот: Собранието изгласа измени на законите за здруженија и за политички партии

Редакција