еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Во масовна тепачка во ромскиот дел на Злокуќани повредени неколку лица: Детали од МВР

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопштија детали за масовната тепачка во ромскиот дел на Злокуќани, за што денеска реагираа и од скопската Општина Карпош.

Полицијата синоќа во 22.30 часот добила пријава дека на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.Ј. (22), Б.Ј. (39) и тројца малолетници од една страна и Е.Г. (52), Г.Г. (23) и Х.Т. (29) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени тврди и метални предмети.

-Подоцна било пријавено дека околу 01.55 часот во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека Д.Ј. (52) со роднините С.Ј. (25) и И.Д. (38) чекал резултати за неговиот повреден син во претходната пресметка, биле физички нападнати од Е.Г. (52), Б.С. (43), А.С. (48), Б.С. (44) и И.Г.(36), при што употребиле метални и тврди предмети, информираат од МВР.

Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода Е.Г., Б.С., А.С., Б.С. и И.Г.., додека, во Полициската станица Карпош биле приведени Ф.Ј. и Б.Ј. и тројцата малолетници.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето и опасност за живеењето, предупредуваат од Општина Карпош

Видео: Портал Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шилегов: Против комарци се прскало со руски авион стар 90 години

Редакција

За празничниот викенд температури над 30 степени

Редакција

Дрин Ахмети се повлекува: Фирмата на внукот на Ахмети, која има удел во “Соравија“ е преземена од американска компанија

Редакција