еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

28-годишно момче од Велешта, споделувал детска порнографија на социјалните мрежи

Полицијата поднела кривична пријава против И.Ј. (28) од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

„Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, ги споделувал во други групи и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина,“ изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии, кои биле одземени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две жени ранети по пукање на свадба во гостиварско Чајле

Редакција

Детален преглед на активни случаи на корона вирусот по скопските општини

Редакција

Во Македонија нема да дојдат бугарски полицајци за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев

Редакција