еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Агим Красниќи, кој од Косово е екстрадиран во Македонија

По четири години бегство во Македонија е екстрадиран Агим Красниќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По брат му, во Македонија екстрадиран и Агим Красниќи

Тој беше уапсен пред неколку месеци во Косово, а моментално е во затворот во Штип, од каде во 2020 година не се врати од слободен викенд.

Со него во земјава е екстрадиран и Сехат Рамадан.

Двајцата треба да одлежат уште три од вкупно 15 години затвор колку што добија во 2008 година.

Беа осудени за повеќе кривични дела, поврзани со киднапирање, насилство, изнуди и нелегално оружје.

Водач на „кондовска група“

Агим Красниќи, на јавноста и е познат и како водач на т.н. „кондовска група“.

Во 2004 и 2005 година оваа група предизвика инциденти со елементи на тероризам, откако го зазеде Кондово, при што беа заробени и неколку полицајци.

Тој и неговата група беа обвинети за кривичното дело подготвување на тероризам, за што доби ослободителна пресуда, бидејќи немало докази за дејствија кои, според законот, го опишуваат оваа кривично дело.

Апелациониот суд ја поништи ослободителната пресуда и го врати предметот на повторно судење, а во меѓувреме, против Красниќи беа подигнати обвиненија и за други дела. За дел од нив беше осуден.

Тој беше член и на партијата ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Бесим Красниќи кој е екстрадиран од Косово во Македонија

Во Косово уапсени Красниќи и Точи кои беа барани со потерница од МВР

Агим Красниќи кој е во бегство 4 години уапсен во Косово

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарскиот министер за надворешни работи, Сијарто: Срамно е што ЕУ не донесе одлука за преговори денеска

Редакција

(Видео) Светот згрозен од интервенцијата на израелските сили на погребот на новинарката на Ал Џезира, за малку ќе паднеше и ковчегот

Редакција

УЈП распродава запленети телевизори, монитори, штампачи по багателни цени

Редакција