еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Лулзим Алиу, кандидат за заменик министер за образование и наука

За заменик министер за образование и наука кандидат е Лулзим Алиу од владејачката коалиција „Вреди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Сите нови заменици министри

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на сите кандидати за заменици министри.

Кој е Алиу?

Роден е на 1. мај 1977 година во Кичево.

Тој е дипломиран професор. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Кирил и Методиј„ во Скопје.

Тој е и Доктор Магистер по филолошки науки.

Зборува и англиски јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Од 2023 до 2024 година бил продекан на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје.

Од 2022 до 2023 година бил заменик министер за образование и наука.

Од 2010 до 2024 година е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје

Од 1999 до 2010 година бил наставник во основно училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево.

Тој е и судски овластен преведувач од албански на македонски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Астрит Исеини, професор по физичка култура, кој ќе биде заменик министер во МВР

Кој е Ален Деребан, кандидат за заменик министер за правда

Која е Елфет Исмаили, кандидат за заменик министер за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска, двајца обвинители од Гостивар и еден од Скопје во трка за нов шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција

Починаа 4 лица од Ковид-19, најмладиот пациент на 43-годишна возраст

Редакција

(Галерија) Велес во новогодишно руво

Редакција