еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за поранешниот министер Бектеши за дело поврзано со изборите

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши заработил кривична пријава од охридската Полиција, објави телевизијата Телма.

Тој е осомничен за делото “попречување на правдата”, извршено ден пред парламентарните избори, а информацијата е објавена во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Бектеши според полицијата упатувал пораки на полициски началник од Охрид, а поврзано со полициски активности по пријавени сомнежи за изборни нерегуларности. Полицијата проверувала наводи за злоупотреба на лични податоци односно за прибирање податоци од избирачи, а началникот добил порака од министерот Бектеши.

Три и пол месеци подоцна МВР поднела кривична за Бектеши, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Бектеши потврди дека му пратил порака на охридскиот началник, ја објави пораката

Фото: МЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари потрошила лани Стопанска банка Битола за плати за менаџментот и вработените

Редакција

(Видео) Филипче: Лекарите се грижат за нас, да им даваме точни информации

Редакција

Александар Михајлов купи 171.000 акции во Уготур, 19,74% од основната главнина на компанијата

Редакција