еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Леонид се врати од лекувањето во Виена, беше донесен со медикоптер

Леонид Индов вчера, доцна попладне, беше транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје, информираат Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Со хеликоптер на Одделот за воздухопловни единици на МВР, опремен со медицинска опрема, и со медицински тим од ГОБ „8 Септември“ беше реализиран успешен транспорт до Скопје на македонски државјанин кој беше на лекување во Виена, Австрија,“ велат од МВР.

Леонид беше на лекување во Виена, Австрија и за него на 10. јули 2024 година неговиот татко упати барање до ЦУК за воздухопловен транспорт.

„Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје.

Транспортот со хеликоптер се реализира согласно Договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на 6. февруари 2024 година од Скопје за транспорт на Леонид до Клиниката во Виена, Австрија на лекување,“ се вели во соопштението на ЦУК.

Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекувањето на Леонид во Македонија ќе биде целосно покриено од државата

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ивор Мицковски за изборот на Абази: “Имавме СЈО, ОЈО, редно беше и ДЈО“

Редакција

Јасмина Цветаноска избрана за генерална директорка на „Лотарија на Македонија“

Редакција

Усмртена мечка и двајца повредени во сообраќајка помеѓу две возила на патот Тетово-Јажинце

Редакција