Државна лотарија доби нов директор.
Станува збор за Александар Климовски, кој е професор на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Тој е и раководител на постдипломските студии по Корпоративно право на Правниот факултет.
Ги предава предметите Право на друштва, Корпоративно управување, Корпоративна етика и Право на игрите на среќа.
Важи за експерт во регионот за регулирање на игрите на среќа. Тој е ко-автор на учебниците “Корпоративно управување” и “Право на игрите на среќа” и е автор или ко-автор на над 70 научни и стручни трудови.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.