Месуд Јакупи е нов в.д. директор на Агенцијата за стокови резерви.
еМагазин во серијал Ви пренесува каков имот пријавиле дел од новите директори во државните институции и јавните претпријатија.
Каков имот пријавил
Пријавил неколку парцели градежно изградено земјиште во Студеничани, од наследство, за кои нема податоци што има на нив.
Пријавил и две возила Фолксфаген и земјоделска механизација.
Има и кредит од 66,7 илјади денари кој треба да го врати до крајот на годинава.
Дал и податок за платата во Агенцијата. Зема 110 илјади денари.
Има приходи и од производство на тутун, а на име на сопругата пријавил и додаток за трето дете.
Зема и субвенции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Никола Кимовски, новиот директор на МНТ
Има и акции во „Тесла“: Каков имот пријавил Гоце Димовски, новиот директор на ТИРЗ
Каков имот пријавил Сашо Клековски, новиот директор на Фондот за здравствено осигурување