еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарите се налутија оти ја споредуваме нивната политика кон Македонија со таа на Русија кон Украина

Бугарското министерство за надворешни работи преку соопштение реагира дека во Македонија се поттикнувало антибугарско расположение од политичари и јавни личности, кои ја злоупотребувале руската воена агресија во Украина.

„Во врска со низата провокативни и злонамерни антибугарски коментари изминатите неколку дена од страна на политичари и јавни личности во Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи изразува загриженост дека злонамерната кампања против нашата земја има за цел да поттикне антибугарско расположение.

Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните начини во Украина како резултат на руската воена агресија.

Сметаме дека ваквите цинични обиди мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на таков арогантен и непринципиелен начин“, велат од бугарското МНР и додаваат дека ваквата кампања можело негативно да влијае врз “позитивните трендови што се забележани во политичкиот дијалог во последните месеци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не треба Русија да не нападне за да Македонија добие датум за преговори

Да не се прават споредби на руските услови за Украина и бугарските за Македонија, порачува евроамасадорот Гир

Фото: Фејсбук/Бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Главен организатор на „27 април“ е Груевски, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Редакција

Пентагон и во македонските безбедносни системи нашол докази за руски сајбер напади

Редакција

Убава вест: Оздравени 339 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција