еМагазин
Image default
Македонија

Пентагон и во македонските безбедносни системи нашол докази за руски сајбер напади

Пентагон, односно американското министерство за одбрана, во 2018 година, во три земји – Украина, Црна Гора и Македонија – испратило тимови со експерти на сајбер безбедносната команда (Cyber Command teams), пишува „Вашингтон пост“.

Според американскиот весник, тимовите влегле со дозвола на владите во тие земји и оперирале „внатре во нивните мрежи за да го пронајдат опасниот софтвер кој Русија го вметнала во нивните, наводно безбедни системи“.

– Наидовме на вистинска ризница. Она што не изненади е колку дрски биле. Нивните активности продреле многу длабоко – изјави висок функционер во Министерството за одбрана.

Екипите на експерти откриле нови делови на руски штетен софтвер (малвер) вклучувајќи и софтвер кој овозможува контрола на инфицираните компјутери од далечина и без да може корисникот да го детектира.

– Русите биле немарни, бидејќи не се труделе многу да ги сокријат трагите од нападот врз мрежите, по принципот „ако мислиш дека никој не те гледа, не се ни трудиш да ги сокриеш трагите“, вели функционерот.

„Пост“ пишува дека оваа активност на САД ќе продолжи и во изборната 2020 година.

Пораката која сака САД да ја испрати на Москва, според изворот на весникот, е „знаеме што правите. Ние сме обединети против вас. Вашите активности ќе имаат последици “.

Една од нив е кога по откривањето на штетниот софтвер тој бил анализиран и постиран на интернет за да се олесни правењето анти-вируси.

Делот од кампањата бил и контранападот во кој краткотрајно била „затворена“ руската Агенција за истражување на интернетот (Internet Research Agency), т.н. – „фабриката за тролови“.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на договорот и склучување нов

Редакција

За Пендаровски има спорни одредби во законите за Бехтел и Енка, најспорна е таа за 60-часовна работа

Редакција

Не очекува нов бран на зараза со корона вирусот на есен

Редакција