Стопанска банка АД Битола е во фокусот на јавноста откако доби понуда од Комерцијална банка АД Скопје за купување на сите обични акции со право на глас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
3.200 денари за акција: Познато колку Комерцијална нуди за сите акции на Стопанска банка Битола
Понудата од 3.200 денари за акција или вкупно 20,3 милиони евра за сите акции ќе ја разгледува менаџментот на Банката, а секако и акционерите.
Официјално, во Банката според податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност, има само еден акционер кој поседува над 5% од акциите. Законски Друштвата имаат обврска да споделат информација само за физичките или правните лица кои поседуваат над 5% од акциите, па јавноста и нема престава кој се е акционер во Стопанска банка Битола.
Компанијата Пелистерка поседува над 5% од акциите во Банката или 16,99% од вкупниот број на акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ