еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожарот на Галичица се гаси, се апелира да не се шири паника

Пожарот на Галичица се уште е активен и се гаси и од небо и од земја. Утрово имаше апел, сите физички спремни доброволци да се пријават кај планинарската куќа Спиридон со свој алат – мотика или гребло.

„Најважно е да бидете физички спремни со основна планинарска опрема, вклучувајќи чевли и друго. Досега само по 3-4 доброволци на ден се пријавувале, затоа да се собереме во поголем број за да ја спасиме Галичица,“ стои во апелот на социјалните мрежи.

Имено, пожарникари, припадници на планинската спасителна група, ренџери од НП Галичица, членови на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, и  доброволци, веќе 11 дена се ангажирани во гаснењето на пожарот на Галичица.

Од Националниот парк Галичица апелираат да не се шири паника, бидејќи нема опасност по населените места.

Чад од пожарот го прекри Охрид, а во Охридско Езеро биле забележани саги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) 11 дена гори Галичица, пожарот се шири кон Охрид

Фото: Игор Бансоклиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Aвтобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење – несреќата е резултат на човечка грешка, вели секретарот за безбедност на Перник

Редакција

СЈО предлага домашен притвор за Камчев, Панделевски, Јанакиески и Божиновски, за Мијалков се уште нема мислење

Редакција

Камчев останува во притвор, одлучи Апелација

Редакција