Вчерашното убиство пред трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје е во фокусот на јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно лице е убиено кај Мавровка
Министерството за внатрешни работи (МВР) го соопшти идентитетот на убиениот. Се работи за В. Е. (59), а медиумите го објавија и неговиот целосен идентитет.
Тој е убиен со еден куршум, неофицијално од зад грб и починал на лице место.
Неофицијално убиениот живеел повеќе години во Скопје, а бил по потекло од Струмица.
Полицијата соопшти дека трите осомничени лица најверојатно сакале да го ограбат.
Убиениот со сопругата имал бизнис за изработка и продажба на накит во скопски Аеродром, а бил и во бизнисот со материјали за водовод.
МВР вчера уапси две лица, а по третото се трага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И трите осомничени лица се од исто семејство, познато на полицијата од претходни криминални случаи.
Полицијата вчера изврши претреси и прегледи на повеќе локации и возила.
Видео: МВР