Лавина од реакции во јавноста предизвикаа фотографиите од средбата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот бугарски колега Румен Радев во Софија, Бугарија, на кои го нема македонското, туку само бугарското знаме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев порача Македонија да се врати во реалноста, за Сиљановска Давкова важно било што разговарале
Фотографиите се направени во Кабинетот на Радев.
Од нејзиниот Кабинет најавија дека ќе бараат објаснување од Радев за ваквиот потег и чин, кој не бил предвиден, ниту договорен.
„Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор.
Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен.
Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и ќе побараме објаснување од бугарска страна“, посочија од нејзиниот Кабинет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто го нема македонското знаме на средбите на Сиљановска Давкова и Љутков во Бугарија?
И министерот Љутков во Софија фотографиран само со бугарското знаме
Фото: Кабинет на претседателката