еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За првпат по пропаѓањето на преземањето од Комерцијална се огласија од Стопанска банка Битола: Стабилноста и сигурноста на Банката е на највисоко ниво

Од Стопанска банка АД Битола за првпат се огласија по пропаѓањето на понудата за преземање од страна на Комерцијална банка АД Скопје, која сакаше да ги купи сите обични акции со право на глас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто пропадна спојувањето на Комерцијална со Стопанска банка Битола

Преку Македонската берза Банката информираше дека го добила Решението на Комисијата за хартии од вредност за неуспешноста на понудата.

Во соопштение пак информираа дека стабилноста и сигурноста на Стопанска банка Битола е на највисоко ниво и дека депозитите на правните лица и на населението се сигурни и постојано растат.

-Банката продолжува да функционира како самостоен правен субјект, како и досега, со сите редовни активности, велат таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела Стопанска банка Битола, која е пред спојување со Комерцијална, во изминативе две години

Од таму како сидро на стабилноста и на натамошните активност на Банката се посочува „исклучително силната капитална и ликвидносна позиција“.

-Стапката на адекватност на капиталот, којашто е мерка за солвентноста на банката тековно изнесува 26,1% (на крајот од вториот квартал на 2024 година беше 24,57%). За споредба, стапката на адекватност на капиталот на крајот на вториот квартал на годината на ниво на банкарски систем изнесуваше 19,04%, а кај групата на мали банки изнесуваше 20,82%, велат од таму.

Според Банката тоа е доказ дека „има висок износ на капитал и резерви, усогласени и натфрлени од капиталните барања на Народната банка и од оние на ниво на банкарски систем“.

Се нагласува и дека нивото на ликвидноста, кое претставува мерка за редовното сервисирање на обврските – е на високо ниво.

-Учеството на високо ликвидна актива во вкупната актива тековно изнесува 40%, што е двојно повисоко од нивото на банкарскиот систем од 21% (со Кв.1 2024 година). Редовната исплата на сите обврски се одвива непречено. Населението продолжува да штеди и да ги орочува своите заштеди во банката, а кредитирањето кое се одвиваше со намалено темпо, ќе се засили во наредниот период, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела Стопанска банка Битола, која е пред спојување со Комерцијална, во изминативе две години

Исто така, во прилог на стабилноста се наведува дека сите финансиски показатели укажуваат на сигурност во работењето.

-Еден од доказите е позитивниот финансиски резултат остварен во првата половина од годинава, во износ од 51,01 милион денари. Тоа е значително подобрување во однос на состојбата од пред една година, кога Банката забележа загуба од 53,69 милиони денари.

Освен тоа, заклучно со 30. јуни е позтигнат позитивен оперативен резултат од 75,92 милиони денари, што покажува позитивно оперативно работење на Банката, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се акционери во Стопанска банка Битола, понудата на Комерцијална за преземање ги откри

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 166 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

Болниците се полнат, во потешка состојба 55 лица заболени од корона вирусот

Редакција

Пратеничката Костадиновска која гласаше во скафандер порача: Се ќе издржам, и да ме колните и да ми пишете дека ќе одам затвор, и дека „готова сум”

Редакција