Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има зголемен рејтинг и останува на првото место, со 45,2%, следи ДУИ со 13,9%, па коалицијата „Вреди“ со 11,7%, а четврта е СДСМ со 11,2% доверба, покажува анкетата на порталот МКД, која ја спроведе агенцијата Маркет вижн.
Интересен детал од анкетата е и дека 28% од испитаните граѓани не знаат кој е новиот лидер на СДСМ. Процентот на оние што не знаат е поголем кај испитаниците од албанска националност.
Истражувањето на јавното мислење е спроведено од 16 до 25. септември со употреба на CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници, односно со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.
Табела: МКД
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.