еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Од 13 дури четворица бугарски европратеници ќе бидат дел од Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија

Од 13 членови на делегацијата на Европскиот парламент (ЕП) во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, четворица ќе бидат бугарски европратеници, објави Дојче веле на македонски јазик.

Станува збор за Андреј Ковачев (ГЕРБ/ЕПП), Кристијан Вигенин (Бугарска социјалистичка партија/С&Д), Ивајло Валчев (Има таков народ/ЕПП) и Христо Петров (Продолжи ја промената – демократска Бугарија/Обнови ја Европа).

Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ е основан 2004 година врз основа на Договорот за стабилизација и асоцијација. Тој претставува форум каде што членовите на Собранието и Европскиот парламент разменуваат искуства, мислења и ставови за зајакнување на меѓусебното партнерство. Комитетот се состанува два пати годишно.

Седниците на Мешовитиот парламентарен комитет завршуваат со усвојување на завршни препораки, документ во кој се содржани заедничките ставови на двата парламента за одредени актуелни прашања од процесот на евроинтеграции. Тие се упатуваат до Европскиот парламент, до Собранието и Владата на Македонија, до Советот на Европската унија и до Европската комисија, пишува Дојче веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија експресно одби Унгарија да посредува во спорот со Македонија

Бугарија донесе Декларација со која бара заедничко чествување на историски настани со Македонија

Задоволство во Бугарија оти Македонија ќе се одвои од Албанија на европскиот пат

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Христос воскресе – вистина воскресе!: Денеска е Велигден

Редакција

Распишана меѓународна потерница по Вања Ѓорчевска: Интерпол се вклучи во потрагата

Редакција

Новите двајца директори на М-НАВ, Хекуран Асани и Милан Кораќ ќе стапат на функција следната недела

Редакција