еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Повеќе од една четвртина од населението: Поради војната 10 милиони Украинци ги напуштиле домовите

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди објави дека досега 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, како резултат на руската воена операција, што е повеќе од една четвртина од нејзиното население.

– Меѓу одговорностите на оние кои се во војна, насекаде низ светот, е и страдањето на цивилите кои се принудени да ги напуштат своите домови. Војната во Украина е толку разорна што 10 милиони луѓе побегнаа, се раселени во земјата или побегнаа во странство, напиша Гранди на Твитер, објави Би-Би-Си.

Руската воена операција во Украина почна на 24 февруари и оттогаш милиони луѓе побегнаа во соседните земји. Само Полска прими повеќе од два милиона украински бегалци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ни куршумите во воздух повеќе не ги плашат: Украинците продолжуваат со протест против Русите во окупираните делови

(Видео) Украина пред и по војната

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи активе“ го доби тендерот на „Национална радиодифузија“ за набавка на струја вреден 479.000 евра

Редакција

(Видео+фото) Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски направија свадба една година откако стапија во брак

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Гостивар за набавка на нафта за греење вреден 440.000 евра

Редакција