еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште едно обвинение за Рамиз Мерко, досега осум

Се множат обвиненијата за Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, кадар на опозициската ДУИ.

Основното јавно обвинителство Струга поднесе ново обвинине, кое повторно се однесува на незаконско поставување директор на училиште.

Оваа е осмо обвинение за Мерко, кој се наоѓа и на „црната листа“ на САД:

– Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта.

Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, информираа од Обвинителството.

Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерко дозволил бесправно градење објект кај базенот на хотелот „Дрим“: Ново обвинение за струшкиот градоначалник

Мерко не се чуствува виновен за незаконското поставување на директори во училишта

Ново обвинение за Мерко

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина е подготвена да направи отстапка во однос на НАТО, но не ги дава Крим, Доњецк и Луганск

Редакција

Трагедија: Почина 20-годишниот Марко Божиновски, младински ракометен репрезентативец

Редакција

Важечките лични карти, ќе може да се користат и по 13. февруари

Редакција