еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

„Блиски извори од Владата“: Кафеаната „Кај Жабарот“ одбележа 40 години постоење

Со прекрасните звуци на „Љубојна“ легендарната кафеаната „Кај Жабарот“ одбележа 40 години постоење и пулсирање заедно со градот.

Едно од најмаркантните точки во Скопје кое традиционално важи за место каде се јаде најдобра скара, веќе 40 години ја раскажува приказната на неколку скопски генерации.

Основач на кафаната е сега починатиот Илија Саздов Жабар, кој на ова место како дете продавал лимонада и други пијалаци, за потоа во некогашната стара барака да отвори кафеана која ќе стане легендарно место во градот.

Љубителите на добра скара и муабет покрај реката Вардар кога престојуваат „Кај Жабарот“ често знаат да се пошегуваат за време на своите разговори сакајќи да дадат веродостојност на своите информации „ова ми е од извори блиски до Владата“, што заради локацијата на кафаната која се наоѓа зад зградата на Владата добива комична смисла.

На одбележувањето на 40 годишниот јубилеј присутните се присетија на своите спомени поминати во ова место.

Навивачката група на фудбалскиот клуб Вардар, Комити која традиционално пред секој натпревар на клубот се собира „Кај Жабарот“ приреди вистински спектакл со бакли во чест на јубилејот.

Денес кафеаната „Кај Жабарот“ ја водат сопругата на Илија Саздов Жабар и неговите деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија побезбедна од Грција и Србија: Листа на најбезбедни земји во светот за 2023 година

Редакција

Левица поднесе кривична за ширење омраза и подбив на македонскиот народ против претседателот на клубот “Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, велат од УЈП, под лупа и други маркети

Редакција