еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир ќе ја финансираат Албанската академија

Градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир ќе го финансираат Академското здружение за науки и уметности на Албанците.

Градоначалниците кои доаѓаат од редовите на владејачката коалиција „Вреди“, денеска остварија средба со професори од ова Здружение на граѓани, со цел да се забрза динамиката за институционализација на оваа организација, информираа од таму.

Тетовскиот градоначалник Билал Касами изјави дека ова е исклучително научен проект на „Вреди“ и нема за цел да предизвика етнички тензии или паралели во државната образовна номенклатура, туку за да создаде уште една научна институција која ќе ја обедини автентичната албанска мисла во заеднички и еднаков општествен развој.

„Овој проект ја одразува нашата визија за зајакнување на националниот идентитет на Албанците во најстратешките области – науката и уметноста,“ додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако МАНУ не се отвори, нема друг начин освен да се формира паралелна академија, вели Мустафа

МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија

Во МАНУ има членови од албанска националност, вели академик Фити

Фото: Фејсбук/Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По бројните скандали, Драги Рашковски поднесе оставка

Редакција

Димитри Трповски избран за нов член на Управниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Димитров: Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од наши пријатели

Редакција