еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинетиот Влатко Кешишев ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

Обвинетиот Влатко Кешишев ја однел полицијата до местото каде што била закопана 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, кажа на денешното рочиште Музафер Каришиќ, сведок на Јавното обвинителство, кој кога почнала истрагата бил помошник на началникот на СВР за криминалистички работи.

Како што е познато таа беше пронајдена кај местото Бразда, а Кешишев најпрво им го покажал запалениот автомобил на убиениот Панче Жежовски од Велес, а на неколку метри погоре по едно тесно црно патче, како што кажа сведокот, дошле до местото на убиството.

-Ни покажа со главата, онде кај перниците (дупката била затрупана и покриена со перници и јорган), копавме и се појави нога и нос на тело, рече Каришиќ, според кого Кешишев долго се предомислувал да каже од страв дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо ќе го убие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оружјето со кое е убиена Вања се уште не е најдено, пријател на татко и имал снимка од возилото на Панче

Таткото на Вања на полицијата и кажал дека таа е киднапирана и убиена и дека џабе ја бараат

Палчо ќе го брани уште еден адвокат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од коронавирусот почина маж од Лабуништа на 70 годишна возраст

Редакција

Јанева останува во Шутка, притворот и е продолжен за уште 30 дена

Редакција

(Видео) Џафери во Украина: Ова е геноцид и ништо друго

Редакција