еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Младиот македонски кларинетист Мевљуд Асаноски ќе се натпреварува на европскиот Лајонс натпревар „Томас Кути“

Младиот македонски кларинетист Мевљуд Асаноски ќе се натпреварува на европскиот Лајонс натпревар „Томас Кути“. Музичкиот натпревар ќе се оддржи во рамките на Лајонс Европа Форум 2024 во Бордо, Франција од 23 до 26. октомври.

Европскиот Лајонс натпревар Томас Кути традиционално се оддржува во рамките  на Европскиот Лајонс форум, со цел да се поддржат младите музички таленти од Европа. Се натпреваруваат кандидати до 24 години и секоја земја предлага еден претставник.

Оваа година младите музички таленти се натпреваруваат по инструментот кларинет. Натпреварот ќе се реализира на Конзерваториумот „Жак Трибалд“ во Бордо и завршниот концерт ќе се реализира во Концертната сала „Атлантик“. Жири комисијата е интернационална и се состои од истакнати професори по кларинет.

Нашиот млад кларинетист Мевљуд Асаноски моментално е на студии во Швајцарија на престижниот универзитет во Цирих, во класата на професорот Фабио ди Касола. Основно музичко образование завршува во класата по кларинет кај проф. Александра Иваноска и средно музичко училиште завршува во Битола во класата на проф. Марјан Бакревски.

Има учествувано на многу државни  и меѓународни натпревари во Македонија и во Србија каде има освоено први награди. Исто така учествува на многу семинари каде гостуваат доста познати кларинетисти  од светот како: Пјер Џенисон, Спирос Мурикис, Исмаил Лумановски и други.

Минатата година Мевљуд Асановски беше избран да настапи како солист со Филхармонија и со своето музицирање ја воодушеви публиката.

Натпреварувањето на Мевљуд Асаноски  во Бордо, Франција е поддржано од македонскиот Лајонс Дистрикт 132 и гувернерот Хари Коцев. Национален координатор за Лајонс музичкиот натпревар е виолинистката Пламенка Трајковска.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕВН Македонија додели таблет компјутери за новата „20-20-20“ генерација ученици во Гостивар

Редакција

Ново издание на „Мала книга на стапици“ од легендарниот Горан Стефановски ги збогати полиците на ТРИ

Редакција

Шест македонски научници се најдоа на листата на топ 2% најцитирани и највлијателни научници на светско ниво

Редакција