Тотал инжинеринг ДООЕЛ Струмица, каде управител е бизнисменот Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, стана мнозински сопственик на Герас Цунев-трговија АД Струмица и Герас Цунев-конфекција АД Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Вице Заев сака да ги преземе „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“
Од Тотал инженеринг, како што објави еМагазин, пред неколку дена најавија намера за целосно преземање на друштвата.
Во меѓувреме, додека понудата за преземање да биде одобрена од Комисијата за хартии од вредност, Тотал инженеринг, кој веќе беше акционер со над 5% од акциите во Герас Цунев-трговија, купи 33.145 обични акции, информираа од таму преку Македонската берза и сега поседува 50.303 акции или 73,25% од вкупниот број на акции.
Претходно Тотал инженеринг поседуваше 24,98% од акциите.
Снежана Јанева и ДПТУ Јавор транс ДОО Струмица не се повеќе акционери во Друштвото.
Од Герас Цунев-конфекција преку Македонската берза исто така информираа дека Тотал инженеринг, кој е акционер со над 5% од акциите и таму, купил 32.860 обични акции и сега поседува 49.841 акции или 73.30%.
Претходно Тотал инженеринг поседуваше 24,97% од акциите.
И овде Снежана Јанева и ДПТУ Јавор транс не се повеќе акционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герас Цунев-конфекција со добивка во третиот квартал
Герас Цунев-трговија со загуба во третиот квартал