еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорката на Охридската болница, ќе биде разрешена поради случајот со почината жена од Струга

Директорката на Охридската болница утре ќе биде разрешена поради случајот со 66-годишната жена од Струга, која почина од коронавирусот, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

-Во однос на случајот со вчера починатата од Струшко, која не била хоспитализирана, според информации на Инфективното одделение во Охридската болница, сакам да Ве информирам дека утре ќе биде разрешена директорката, ќе биде поставен нов директор, истакна Филипче и додаде дека денеска на увид во болницата е државниот инспекторат да утврди евентуално други одговорни.

Нагласи дека веќе е покрената постапка и упати апел до институциите целосно да ја спроведат постапката.

Основното јавно обвинителство Охрид претходно денеска соопшти дека ја истражува смртта на 66 годишната стружанка, која беше четврта жртва на коронавирусот во земјава.

Обвинителството по допрен глас отвори предмет, како што се наведува во соопштението, за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот COVID 19.

-Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата, се вели во соопштението на Обвинителството.

Се додава дека Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први случаи на заболени со коронавирусот во Струмица и Гевгелија

Уште 2 лица починаа од коронавирусот: 18 нови случаи, вкупната бројка на заболени 259 лица

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Вкупно се 19: Во кои објекти во Македонија се носат во државен карантин повратниците од странство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дане Талески останува на функцијата секретар за меѓународна политика на СДСМ

Редакција

„Standard and Poor’s“: Успешно решение за името би било „бинго“ за Македонија

Редакција

Заев за грчки „Катимерини“: За Северна Македонија, за македонскиот народ, неприфатлива е било каква интервенција во македонскиот идентитет

Редакција